Шкендија полека но сигурно ја зголемува предноста, Пелистер победи по скоро три месеци!

Денеска заврши 17-та рунда од Првата фудбалска лига на Македонија и сме на чекор од завршување на првиот дел од сезоната.

Шкендија славеше кај Академија Пандев со 0:1. Единствениот погодок беше дело на младиот 16-годишен Дашмир Елези во 53-та минута. Интересно е што битолскиот Пелистер стигна до 3-та победа оваа сезона но по скоро три месеци. Тие исто така минимално славеа над Беласица со погодокот на Михаил Талевски во 81-та минута – уште еден млад талент и иднина на македонскиот фудбал со само 16 години.

Во останатите дуели, Борец беше подобар со 2:0 од Силекс, Струга го совлада Работнички со 2:1 а Вардар и Македонија ЃП ремизираа со конечни 2:2. Вчера, Шкупи одигра без погодоци со Ренова.

Шкендија полека но сигурно ја зголемува предноста, која сега е 6 бодови пред Шкупи и Македонија ЃП.

Сподели

Можеби ќе ве интересира