Штип и ФК Брегалница ќе добијат модерна трибина

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА преку „Хет-Трик“ програмата за развој на фудбалската инфраструктура го претстави основниот проект за западната трибина на Градскиот стадион во Штип.

Предвидено е западната трибина да има капацитет од околу 2.000 седишта, со ВИП ложа и ресторан. Ќе има модерен простор за медиуми и за лица со инвалидитет, а во подтрибинскиот простор ќе бидат соблекувалните и просториите за службени лица по највисоките стандарди на УЕФА и ФИФА, велат од ФФМ во соопштението.

Новиот стадион ќе стане пристоен дом за штипската гордост, ФК Брегалница. Исто така, ќе има можност да настапува и македонската репрезентација, во важни квалификациски натпревари.

Сподели

Можеби ќе ве интересира