1. МФЛ: Беласица со прва победа, 2. МФЛ: Брегалница и Тиквеш не знаат за пораз

Вчера беа започнати, а денеска комплетирани 11-та рунда од Првата македонска фудбалска лига, односно 10-та во второто по јачина натпреварување кај нас.

Во 13:30 часот, вчера пет натпревари ја отворија рундата број 11 во 1. МФЛ, а денеска во Кратово беше комплетирана. Тимот на Беласица ја запиша првата победа во оваа сезона и тоа на гостувањето во Струмица против Академија Пандев. Иако Ѓорѓи Стоилов го постигна водечкиот погодок, Беласица собра сили и дојде до изедначување пред крајот на првиот дел преку голот на Зоран Митевски. Напаѓачот на гостите, Стефан Сулев во 66-та минута го постигна погодокот за победа па до крајот на мечот се играше интензивно за зачувување на резултатот со голем број на жолти картони и на двете страни. Во останатите средби, Борец со победата над Пелистер од 3:0 се искачи на 4-та позиција, Шкупи киксна со 2:2 кај Работнички, па со победата на Шкендија од 1:3 на гости кај Ренова, тимот од Тетово се одвои на табелата со 2 бодови повеќе. Во Струга, некогашниот шампион на Македонија, Вардар, ремизираше дури во 98-та минута по 2:1 на полувреме за домаќините. Во Кратово, Силекс загуби со 0:3 од Македонија Ѓорче Петров.

Втората лига не донесе значителни изненадувања, бидејќи тимовите на Тиквеш и Брегалница не знаат за тоа како се губи лигашката средба. Составот од Штип ја отвори рундата со сигурна и лесна победа од 3:0 против Каменица Саса, а во Кавадарци, со 5:1 беше поразена ФК Плачковица, па со по 26 бодови остануваат лидери во источната дивизија. Во останатите средби, Осогово и Кожув одиграа без голови, Кит Го со 1:0 ја совлада Победа а Слога Виница и Росоман постигнаа по 1 погодок и ги поделија бодовите. На Запад, Гостивар забележа уште еден пораз по тој во минатата рунда, овој пат на гости од Охрид. На првото место изби ФК Скопје бидејќи со 1:3 беше подобар од Велазерими. Во останатите средби, Вардар Форино одигра 0:0 со Дрита, Кораб го победи Тетекс со 1:0 и Кадино Скопје и Велешта ремизираа 0:0.

Следната рунда е планирано да се одигра на 14 ноември од 13:30 часот.

Сподели

Можеби ќе ве интересира