1.МФЛ: Ветеранот Маневски ја сруши Шкендија, рутинска победа за Вардар!

Последната рунда за оваа година се одигра денеска, па фудбалерите од Првата македонска лига одат на заслужен одмор во наредни два месеци.

Пелистер го сруши есенскиот шампион Шкендија со погодокот на Борче Маневски во 90-та минута, а составот на Вардар рутински забележа победа на гостувањето против Беласица со 0:3. Тимот на Македонија ЃП загуби на домашен терен од Ренова со 2:3. Имавме две гостински победи со по 1:2, и тоа: Струга беше подобра од Шкупи, а Академија Пандев го совлада Силекс. Фудбалскиот клуб Работнички, во Скопје го доби тимот на Борец, исто така со 2:1.

Некои фудбалски фанови посочија дека последната рунда е сомнителна, бидејќи првите 3 водечки позиции загубија и не дојде до промена на местата. Сепак, да се надеваме дека се играло фер-плеј.

Сподели

Можеби ќе ве интересира