1. МФЛ: Седма рунда, Пелистер ја пречекува Шкендија

Денеска на програмата се пет натпревари од Првата македонска фудбалска лига. Вчера, седмата рунда ја отворија Борец и Работнички со досаден дуел и конечни 0:0.

Натпреварите започнуваат во 15:00 часот, а Беласица ќе игра на гостински терен против Вардар каде ќе се обиде да ги освои првите бодови во новата сезона. Академија Пандев го пречекува Силекс, а Македонија ЃП оди на мегдан со Ренова која има 3 порази во последните 3 натпревари. Шкупи е во Струга против истоимениот тим Трим и Лум.

Во последниот дуел, првопласираната Шкендија ќе игра во Битола против Пелистер со директен пренос на МТВ1 со почеток во 14:55 часот.



Сподели

Можеби ќе ве интересира