1. МФЛ: Седум погодоци во Кратово, Струга сигурна против Беласица

Денеска се комплетираше 9-та рунда од Првата македонска фудбалска лига, откако вчера Шкендија го декласираше Вардар во Скопје со 1:5.

Академија Пандев на домашен терен загуби од Шкупи со 0:1, Ренова и Пелистер одиграа натпревар кој никој не би го гледал па ги поделија бодовите, а Борец со 2:1 беше поуспешен од Македонија ЃП. Сите три натпревари на полувремето заминаа со 0:0 резултат.

Во другите две поинтересни средби, во Кратово и во Струга, домаќините забележаа победи. Силекс нешто потешко, бидејќи победничкиот погодок го постигна Бурхан Мустафов дури во 94-та минута. Домаќините славеа со 4:3 и направија мало поместување на табелата, па сега се на 5-та позиција.

Струга Трим и Лум одигра сигурен натпревар против Беласица. Со головите на Лена и Миленковски, веќе по 10 минути игра резултатот на семафорот беше 2:0 за стружани. Конечниот резултат го постави Османи во 69-та минута. Со овој пораз, Беласица останува прицврстена на дно со само 1 освоен бод.

Лидер на табелата е Шкендија со 2 бодови повеќе од Шкупи, а 10-та рунда е за точно седум дена.

Сподели

Можеби ќе ве интересира