1. МФЛ: Струга кај Работнички, Вардар во Ѓорче

Денеска во 15:30 часот, се играат два интересни дуели од шестото натпреварувачко коло во Првата македонска фудбалска лига, со еден директен пренос на МРТ 1.

Составот на Вардар ќе го игра својот натпревар на гости со Македонија Ѓорче Петров, а директен пренос ќе има на МРТ 1. Во вториот натпревар, Работнички ќе биде домаќин на Струга Трим и Лум.

Во минатото коло, вардарци му приредија мало изненадување на Шкупи со победата од 1:0, па сега мотивирани можеби ќе покажат добра игра и против Македонија ЃП. Тие својот последен резултат го остварија во Битола против Пелистер, без голови.

Фудбалскиот клуб Работнички има еден освоен бод повеќе од својот противник, па може да се каже дека се благи фаворити во овој дуел. Тие минатото коло ја победија Ренова на гости, а Струга беше поуспешна дома со 2:0, од “европскиот“ Силекс.

Останати мечеви од 6. коло се играат утре:

Беласица – Пелистер
Шкендија – Академија Пандев (15:30ч. МРТ 1)
Шкупи – Ренова
Силекс – Борец


Сподели

Можеби ќе ве интересира