1. МФЛ: Три победи во низа за Македонија ЃП, реми во Тетово

Денеска се одиграа пет натпревари од осмaта рунда во Првата македонска фудбалска лига.

Тимот на Македонија Ѓ.П. со трета победа во низа го совлада тимот на Струга Трим и Лум и се зацврсти на 3-та позиција во лигата со ист број на освоени поени како и Шкупи. Составот на Умит Каран беше убедлив со 3:0 во средбата со Борец.

Во Тетово, нерешен резултат имаше помеѓу тимовите на Шкендија и Силекс. Домаќините дојдоа до водство во 25-та минута преку голот на Бесарт Ибраими, но пред крајот на првиот дел, Стефан Ѓуриќ му донесен 1:1 на тимот од Кратово. До крајот на мечот, немаше промена на семафорот, а црвен картон за гостите во 59-та минута доби Кристијан Костовски.

Нерешено беше и во Струмица помеѓу Беласица и Ренова со 1:1, но и во Скопје на натпреварот Работнички – Академија Пандев кој заврши без голови.

Шкендија останува лидер на табелата со 18 освони бодови.
Утре се комплетира рундата со дерби дуелот во Битола каде Пелистер го пречекува Вардар во 15:00 часот.

Сподели

Можеби ќе ве интересира