1.МФЛ: Шкупи подобар од Силекс, Беласица се уште ја бара првата победа

Десеттата рунда од Првата македонска фудбалска лига, беше вчера отворена со натпреварот на Шкупи против Силекс во Скопје.

Фудбалскиот клуб Шкупи со минимална победа од 1:0 застана на челото на табелата, барем до денеска. Единствениот погодок за трите освоени бодови го постигна Бесар Исени во 53-та минута, па сега Шкупи е со 22 освоени бодови, еден повеќе од Шкендија. Тие својот натпревар го играат на домашен терен против екипата на Работнички.

ФК Беласица се уште ја бара својата прва победа, а ова ќе биде десетти пат. Денеска за противник ќе го имаат озбилниот и силен тим на Борец, кој моментално е претендент за место во европските натпреварувања.

Во останатите средби од 14:30 часот, силите ќе ги одмерат: Македонија ЃП против Академија Пандев, Пелистер ќе ја пречека Струга ТЛ, а во Скопје – Ренова доаѓа на мегдан со Вардар.

Сподели

Можеби ќе ве интересира