1.МФЛ 12 рунда: Вардар го сруши отпорот на Борец, утре се останатите пет средби

Фудбалскиот клуб Вардар на само 10 минути пред крајот го сруши отпорот на Борец и со победа ја отвори рундата број 12 во Првата фудбалска лига на Македонија.

Првото полувреме протече без интересни моменти и фудбал кој не беше убав за око. Се продолжи така и во вториот дел но со повисоко темпо, па во 80-та минута со погодокот на Јован Попзлатанов, Вардар стигна до предност од 0:1. Во судиското надополнување, Матеј Цветаноски постигна уште еден погодок и го заклучи мечот со 0:2 за важна победа на легендарниот фудбалски тим. Со овие 3 бодови, Вардар има вкупни 16 и се наоѓа на 6-та позиција.

Во Вардар работите не одат во најдобар правец и клубот се соочува со големи финансиски проблеми. Помош од државата засега нема, па не е исклучено да дојде работата до непосакуваниот стечај и да згасне „најголемиот“ во историјата на Македонија.

Останати средби:

13:00
Академија Пандев – Пелистер
Работнички – Македонија Ѓ.П.
Шкендија – Шкупи
Силекс – Беласица
Струга ТЛ – Ренова

Лидер на табелата е Шкендија со 25, па следуваат Шкупи со 23 и Македонија Ѓорче Петров со 22 бодови.

Сподели

Можеби ќе ве интересира