2.МФЛ: Брегалница и Скопје на добар пат за влез во елитата, Тиквеш и Гостивар им дишат во врат

Денеска се одиграа девет од десетте планирани средби од рундата број 12 во Втората машка фудбалска лига. Средбата помеѓу Вардар Форино и Велазерими беше одложена.

Лидерите на Исток и Запад, Брегалница односно Скопје, запишаа нови победи и досега чекорат стабилно кон елитата. Составот од Штип на домашен терен рутински го совлада Кожув од Гевгелија со 3:0 но остана со само два поени предност пред Тиквеш кој беше подобар со 3:1 од Осогово, а ФК Скопје во Кадино со минимална победа од 0:1 го искористи киксот на Гостивар кај Кораб од 1:1 и направи +3 поени позитива.

Во останатите средби на Исток, Слога Виница и Кит Го со по 3:0 славеа над Плачковица односно Росоман, додека екипата на Победа на домашен терен загуби со 1:2 од Каменица Саса. На Запад, Велешта одигра интересен дуел против Тетекс и победи со 2:3, а Охрид ја прегази Дрита со „петарда“ и остана со „чиста мрежа“. Вардар Форино и Велазерими не излегоа на теренот во Гостивар.

Да напоменеме само дека се играат вкупно 17 рунди односно со меѓусебни 3 во текот на сезоната. Првите од двете дивизии одат директно во 1. МФЛ а второпласираните разигруваат со 9-то и 10-то место од првата лига за едно место во најдобрата лига во нашата држава.

Сподели

Можеби ќе ве интересира