2. МФЛ: Брегалница и Тиквеш лидери на Исток, Гостивар успеа да избие на Запад

Вчера се одригра 6-та рунда од двете дивизии во Втората македонска фудбалска лига. Брегалница и Тиквеш со ист број на бодови го делат првото место на Исток, а Гостивар успешно се избори и стана лидер на западната дивизија откако на домашен терен во директниот дуел го совлада ФК Скопје со 2:0.

ИСТОК:

Како што посочивме, Тиквеш стигна до лесна победа од 1:3 на гостувањето кај ФК Слога Виница, а Брегалница со 0:1 во Пехчево го совлада тимот на Кит Го. Составот на Кожув остана на 3-та позиција откако го победи Росоман со 1:2. ФК Осогово одигра 1:1 со Победа, и остана непоразен во третиот дуел по ред, но на дното од табелата со ист број на освоени поени со Плачковица, бидејќи тимот од Радовиш загуби од Каменица Саса со 1:0.

ЗАПАД:

Гостивар го презеде водечкото место во западната конференција бидејќи го победи ФК Скопје со 2:0, а на третата позиција остана ФК Велешта со победа над најлошата екипа во групата, Дрита. ФК Кораб и Велазерими имаат по 10 освоени бодови, а во рундата беа подобри од Кадино Скопје со 2:0, односно Лабуништа со 1:2. Охид по 3 натпреари без победа, на домашен терен го совлада Вардар Форино со 1:0 и се зацврсти на 6-то место.

Следната рунда е за 5 дена, во сабота на 10-ти октомври.

Сподели

Можеби ќе ве интересира