2. МФЛ: Брегалница ја прегази Слога Виница, 9 голови во Кочани

Тимот на Брегалница го декласираше составот на Слога Виница со 6:1, а во Кочани, Осогово и Росоман заедно постигнаа 9 голови. Ова се ударните информации од седмата рунда во македонската втора фудбалска лига, која се одигра вчера во 15:00 часот.

Тиквеш со 3:0 беше поуспешен од тимот на Победа, а како што напоменавме, Брегалница со убедлива победа над Слога Виница – не донесе промени на лидерското место во Источната дивизија па овие два тима со по 17 бодови останаа на делба на првата позиција. Кожув Гевгелија го зацврсти 3-то место откако одигра 1:1 со Каменица Саса. Во Кочани, ГФК Осогово со 5:4 славеше над ФК Росоман. За нив, ова е прва победа во седмиот одигран натпревар но, се уште се на негативна гол разлика 11:15. Во последниот дуел, Кит Го Пехчево оствари победа со 1:0 на гостувањето против Плачковица.

На Запад, ФК Гостивар ја зголеми разликата за првата позиција, откако го совлада тимот на Велазерими, а ФК Скопје ремизираше 1:1 со Велешта. Исто така, 1:1 заврши и натпреварот помеѓу Дрита и Кораб. Составот на Вардар Форино оствари убедлива победа од 5:0 против екипата на Лабуништа, која сега е на дното од табелата во западната дивизија. Кадино Скопје, на домашен терен со 1:0 го победи Охрид, па со 3 победи и 4 порази е на 6-та позиција.

Следната рунда е закажана за 17-ти октомври од 14:30 часот.

Сподели

Можеби ќе ве интересира