2. МФЛ: Тиквеш се сопна, Скопје броеше до 6, Гостивар сигурен, славеше и Брегалница

Денеска се одигра 11-та рунда од Втората македонска фудбалска лига.

Во рамките на источната дивизија, Тиквеш се сопна во Гевгелија против Кожув играјќи 1:1, па му овозможи на тимот на Брегалница да се издвои на самиот врв со два поени предност. Екипата од Штип повторно одигра сигурно, овој пат на гостувањето кај Плачковица со 1:3. На запад, ФК Скопје броеше до 6 со што го растури Вардар Форино без примен погодок. Одлична партија пружија и гостиварци, по двата порази. Тие беа подобри од Тетекс со 3:0 и сега се на само 1 бод од првото место со 23 поени.

Останати резултати:

Исток:

Осогово 1:0 Кит Го
Каменица Саса 2:0 Слога Виница
Росоман 1:2 Победа

Запад:

Велешта 0:0 Охрид
Велазерими 2:0 Кораб
Дрита 1:1 Кадино Скопје

Следната рунда е планирано да се одигра следната недела на 21-ви ноември.

Сподели

Можеби ќе ве интересира