2. МФЛ: Скопје го растури Гостивар, а Брегалница повторно тргна во “поход“

Денеска на програмата беа натперварите од 15-та рунда во Втората фудбалска лига на Македонија.

Скопје го растури Гостивар, а Брегалница повторно тргна во “поход“ – вака можеме да го опишеме денешниот ден, бидејќи двете најсилни екипи во втората лига играат феноменален фудбал и озбилно се доближуваат до најелитното натпреварување во нашата држава. ФК Скопје со убедливи 4:0 го победи ФК Гостивар и се уште лесно ја одржува предноста од 7 бодови, но сега пред Велешта која го искористи киксот на гостиварчани и застана на втората позиција која води во плеј оф разигрување.
Брегалница пак, победата ја заслужи уште во првото полувреме со 2:0, што воедно и беше конечниот резултат на средбата со Кит Го Пехчево. Предноста на штипскиот тим пред Тиквеш е 5 бодови.

Во останатите натпревари, на Исток: Кожув со 3:2 го совлада Росоман, Плачковица и Каменица Саса ремизираа со 1:1, Осогово славеше на домашен терен со 2:0 над Победа а Тиквеш го победи составот на Слога Виница со 4:2. Во западна дивизија, Дрита загуби со 0:1 од Велешта, Охрид минимално го победи Вардар Форино, Велазерими остана без бодови на домашен терен по поразот од 0:2 против Тетекс а Кораб славеше во Скопје кај тимот на Кадино.

Сподели

Можеби ќе ве интересира