2. МФЛ: Тиквеш лидер на исток, Скопје на запад

Девет дуели беа одиграни од 4. коло во Втората македонска фудбал лига. Во последниот натпревар од рундаата, денеска силите ќе ги одмерат тимовите на Лабуништа и Дрита, кои досега немаат запишано победа.

Вчера, ФК Скопје на гости против ФК Охрид беше подобар со 0:1, а ФК Тиквеш со 0:3 го совлада тимот на Кит-Го Пехчево со што го зазема водечкото место на исток. КФ Гостивар одигра нерешено на домашен терен против Велешта и остана на втората позиција на запад. Брегалница одигра исто така 1:1 против екипата на Осогово со што го препушти првото место на Тиквеш, но со ист број на освоени поени.

Во следното коло, токму овие два тима играат дерби дуел во Кавадарци, а ФК Скопје ја пречекува Лабуништа.

Останати резултати:

Исток:
Победа 0:0 Плачковица
Росоман 3:2 Каменица Саса
Слога Виница 1:1 Кожув Гевгелија

Запад:
ФК Кораб 0:1 Вардари Форино
Кадино Скопје 0:1 Велазерими

Сподели

Можеби ќе ве интересира