АБА ЛИГА 2: Познати сите противници на Работнички и МЗТ

Познати се сите 14 екипи кои ќе се натпреваруваат во новата 2020/21 сезона од јадранската АБА Лига 2.

Последниот член во лигата за новата сезона е Борац од Бања Лука. Екипата доаѓа од Република Српска, а настапува во најсилната кошаркарска лига на Босна и Херцеговина. Тимот ја доби „вајлд картата“ која ја доделува раководството на АБА лигата, каде оваа година и Македонија ќе има двајца свои претставници: КК Работнички Скопје и КК МЗТ Скопје Аеродром.

Составот од Бања Лука ќе настапува наместо екипата на Слобода од Тузла, која поради финансиски причини (не ја плати котизацијата за добивање на специјалната покана) се откажа од натпреварувањето.

Освен нашите претставници, во АБА 2 конкуренцијата ќе се натпреваруваат и екипите на: 

Горица, Хелиос Санс (Словенија),
Широки, Спарс Реилвеј и Борац Бања Лука (БиХ),
Младост Земун, Слобода Ужице, Златибор (Србија),
Ловќен 1947, Подгорица, Студентски Центар, Сутјеска (Црна Гора);

Се уште не се познати термините за одигрување на првата рунда, но тоа би требало да се случи во најбрз временски рок затоа што АБА Лига 1 е веќе во тек.

Сподели

Можеби ќе ве интересира