Американците си заминаа од Куманово, клубот донесе двајца нови играчи

Пред самиот почеток на БИБЛ лигата, летните засилувања од Америка, Хулио Гуити и Џош Селби го напуштија КК Куманово, а тимот потпиша двајца нови играчи.

Гуити е отпуштен бидејќи не ги исполни очекувањата, а Селби е се уште наш играч и би можел да се врати во клубот во 2021 година. Него го ослободивме поради два смртни случаи во семејството и тој сега е во САД, објасни тренерот Мирковски

Во Куманово повратник е плејмејкерот Јован Црниќ, кој минатата сезона беше дел од тимот неколку месеци, а како нова четворка во тимот е бугаринот Георги Бојанов. Крилниот центар има 27 години и е висок 201 цм. Бил на колеџот Алабама, а последната сезона на Исланд имал во просек 20 поени и 10 скокови по натпревар. Настапувал и за Ајнтрахт и Черно Море. Во стручниот штаб пристигна и српски помошник. Владан Вицентијевиќ ќе има за задача да ја анализира играта на противникот и да работи индивидуално со кошаркарите.

Стартот во БИБЛ лигата, за „сино-белите“ е планиран за 27-ми октомври во 17:00 часот против новиот клуб на македонската кошаркарска сцена, ТФТ од Скопје. Средбата ќе се одигра во Куманово.

Сподели

Можеби ќе ве интересира