Андрејевиќ со „дабл-дабл“ учинок му ја донесе третата победа на Куманово!

Кошаркарскиот клуб Куманово стигна до третата победа оваа сезона откако на домашен терен го совлада тимот на Црн Дрим, со резултат 86:75 (48:37).

Составот на Мирковски тргна фуриозно уште во првиот период кога по 10 минути игра имаше предност од 11 поени, за истата да ја задржи и на полувреме по вториот период кој се играше кош за кош, но и во еден момент високи 16 за Куманово. Гостите од Струга немаа сили да ја намалат негативата, па го забележаа третиот пораз во 4 одиграни рунди. Најефикасен во Куманово беше одличниот српски играч Александар Андрејевиќ со нов „дабл-дабл“ учинок од 22 поени и 13 скокови, но и 3 додадени топки, 2 блокади и 1 освоена топка. Зад него, со голема заслуга беше американецот Рос кој постигна 21 поен, а имаше 6 скокови и дури 8 асистенции. Тој беше единствениот играч на теренот без секунда одмор. Новото засилување Зивчевиќ постигна 18, а Марковски имаше 14 поени. Кај гостите, Клусен беше прв стрелец со 21 кош.

Куманово сега е на 3 победи и 1 пораз, на делба на првата позиција со ТФТ Скопје.

Сподели

Можеби ќе ве интересира