Балканското “буцкасто“ момче го исфрли Клиперс за финале на западот

Фантастичниот Никола Јокиќ уште еднаш покажа дека е вистински кошаркарски талент. Србинот и екипата на Денвер Нагетс го победија Лос Анџелес Клиперс со 4:3 и заминаа во финале на западната конференција, каде ги очекува уште еден Лос Анџелес, но овој пат Лејкерс.

Денвер заостануваше 3:1 и сите очекуваа овој дуел да биде решен од страна на Док Риверс, ако не во првата меч-топка тогаш сигурно во вториот обид. Но, тука се прашуваше Никола Јокиќ, одличниот Џамал Мареј и целата екипа на Нагетси кои не се откажаа до самиот крај.
Со финална и убедлива победа од 104:89, Денвер приреди вистинска забава и за секој неутрален фан во овој дуел. Јокиќ постигна 16 поени, но имаше високи 22 скокови и 13 асистенции. Мареј постигна 40 поени, проследени со 4 скокови и 5 асистенции.

Фаворитот Клиперс заминува надвор од „балонот“. Ленард со 14 поени и Џорџ со 10, не можеа да се справат со видно помотивираната екипа на Денвер.

Ова е историски резултат, затоа што до сега ниту една екипа се нема вратено два пати од 3:1 негатива. Тоа им успеа на Денвер, откако пред ова ја совладаа и Јута со 4:3.
.
Првиот натпревар, Нагетс и Лејкерс го играат на 19.09 во 3 часот пополноќ.

Сподели

Можеби ќе ве интересира