Бања Лука е домаќин на вториот „балон“ турнир во АБА 2

Вториот „балон“ турнир во АБА Лига 2 за оваа сезона ќе се организира во главниот град на Република Српска, од страна на Борац од Бања Лука.

За МЗТ Скопје и Работнички Скопје, по надигрувањата на Златибор, ова ќе биде ново патување и престој во една спортска сала. Тимовите повторно ќе одиграат по 4 средби, а планирано е да бидат во текот на јануари. По првиот турнир и одиграни 4 мечеви, МЗТ има 3 победи и 1 пораз и е на делба на второто место на табелата, додека пак, Работнички, има половичен успех.

Во организацијата ќе помогне и кошаркарскиот клуб Игокеа од Александровац, кој е дел од првата АБА лига.

Сподели

Можеби ќе ве интересира