БИБЛ: Берое го декласираше Куманово!

Бугарскиот состав на Берое, лесно го совлада Куманово со 105:76, за четврта победа во регионалната БИБЛ лига.

Македонската екипа на Владимир Мирковски покажа очајна игра во одбраната, па уште на полувреме имаше 56 примени кошеви. Во вториот дел се продолжи со иста игра, и голем број на отворени шутеви за огромни 17 погодени тројки од 31 шут. Дали уморот ги стигна кошаркарите на Куманово, кои вчера одиграа средба и беа подобри од Академик, или пак Берое денеска имаше повеќе среќа и повеќе го посакуваше овј триумф, е сеедно – Куманово се враќа со половичен успех од турнејата во соседна Бугарија. Сега се на учинок од 3 победи и 4 порази, со уште 3 средби од крајот на групната фаза.

По 13 поени постигнаа Кори Рос, Глигоријевиќ и Цветковски.

Куманово за три шутираше само 7 од 28 обиди.

Екипата се враќа на домашните обврски, каде е планирано да одигра два натпревари, еден со Вардар и еден со вториот тим на МЗТ, пред заминувањето во Црна Гора за средбите со Тиват и Ибар Рожаје.

Сподели

Можеби ќе ве интересира