БИБЛ: Куманово го растури Академик Пловдив

КК Куманово лесно се справи со бугарскиот Академик Пловдив на денешното гостување.

Нашиот претставник во регионалното БИБЛ натпреварување оствари лесна и прилично убедлива победа од 96:79 на првото гостување кај бугарските претставници. Куманово започна сигурно во нападот и веќе имаше предност од 3 поени по првиот период со 20:23. Во втората четвртина, резултатот беше пак во нивна полза и на полувреме заминаа со +6 позитива, односно 41:47. Академик се обиде да го намали резултатот, но тоа беше безуспешно, па третиот период заврши со минимална предност за Куманово, 21:22. Рутински изгледаше 4/4, пред се убедливо за тимот на Мирковски – 17:27 за конечни +17 и нова победа во „балканската група“.

Најефикасен во нашиот тим беше новото американско засилување, Отис Ливингстон со 21 поен, 2 скокови и дури 9 асистенции за индекс 26. Зад него, Кори Рос исто така постигна 21 поен, но со индекс 20.

Куманово е сега на половичен успех од 3 победи во 6 одиграни средби, а веќе утре од 17:00 часот го игра и вториот натпревар од оваа мини-турнеја. Противник е тимот на Берое, кој моментално има ист учинок.

Сподели

Можеби ќе ве интересира