БИБЛ: Куманово се уште во проблеми – одложена пресметката со Берое

Втор одложен натпревар за КК Куманово во регионалната БИБЛ Лига, овој пат со црногорски Берое поради проблемите со позитивни тестови кои се уште траат. Претходната недела поради истите причини беше одложен и дуелот против ТФТ Скопје.

Натпреварот беше закажан за во петок од 19:00 часот на домашен терен, но работите се променија па ќе се бара нов термин. Од раководството на лигата ќе се бара решение и за првиот одложен меч.

Куманово во првата рунда беше успешен со 90:83 против новиот суперлигаш ТФТ Скопје но немаше среќа добриот почеток да го продолжи, па сега е на долга пауза.

Сподели

Можеби ќе ве интересира