БИБЛ ЛИГА: Ќе има ли Македонија уште еден претставник во втората фаза?

Регуларниот дел од БИБЛ Лигата е пред самиот крај, преостануваат уште три натпревари, од кои еден е одлучувачки за вториот дел од сезоната.

Тоа е средбата помеѓу ТФТ Скопје и Ибар Рожаје. На скопскиот тим му е потребна било каква победа над црногорскиот тим, за да обезбеди нова групна фаза со еден од израелските учесници. Во овој случај, од Топ 4 ќе испадне Тиват, кој моментално има учинок од 4 победи и 6 порази. ТФТ е на 3 победи и 6 порази, но има подобар меѓусебен дуел со екипата од Теодо (+18 на домашен терен, а -15 на гостински терен).

Академик Бултекс, Берое и Куманово веќе се во втората фаза, заедно со Хапоел Холон и Хапоел Галил Гилбоа. Таму ќе се формираат 2 групи со по 3 екипи, каде едната ќе биде од Израел, а по една од секоја различна држава.

Средбата на ТФТ и Ибар е закажана за во вторник (02.02.2021), со почеток во 19:30 часот.

Истиот ден, играат и Куманово со Берое, натпревар без резултатско значење. Денеска силите ќе ги одмерат Академик и Берое, последна рунда за бугарските учесници.

Сподели

Можеби ќе ве интересира