БИБЛ: ТФТ го наплати долгот од првата средба со Куманово, и тоа повеќе пати!

Тимот на ТФТ Скопје го наплати долгот од првата средба со Куманово, и тоа повеќе пати, откако на домашен терен убедливо славеше со 83:54.

Екипата од Тафталиџе имаше огромна позитива уште на полувреме со 49:25, каде се виде дека гостите не се во можност да слават и по трет пат во оваа сезона, а втор во регионалната БИБЛ Лига, па ТФТ ги однесе бодовите овој пат. Во второто полувреме, се играше нешто поопуштено, но со голем број на грешки па сликата на теренот изгледаше катастрофално и не наликуваше на професионален кошаркарски меч. Домаќините го добија и овој дел, но сега со минимална предност од 34:29.

Најефикасен во победничкиот тим беше одличниот Лахлан Андерсон со 30 поени, 7 скокови и индекс 32. Ландриус Хортон постигна 19, а Тајрон Харис имаше 18. Во тимот на Куманово прв се издвои Александар Андрејевиќ со 15, а зад него беа Дамјан Робев и Јован Црниќ со по 13.

Очајно деби во дресот на Куманово имаше 29-годишниот американец Кори Рос со само 2 поени. Шутираше 0/5 за два, 0/3 за три и 2/6 слободни фрлања. Лошата партија беше проследена и со 5 изгубени топки, за индекс -7.

Сподели

Можеби ќе ве интересира