БИБЛ: ТФТ прими 100 поени на првиот натпревар од турнејата во Бугарија

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје прими повеќе од 100 поени против Берое, на првиот натпревар од турнејата во Бугарија.

Бугарскиот клуб покажа уште во првата четвртина дека има во план да го диктира темпото на натпреварот. Резултатот по првите 10 минути беше 34:25, а на полувреме Берое замина со 60:46, односно 14 негатива за нашиот претставник. Во 3/4, ТФТ падна во целост и загуби со 29:8. Самиот крај на натпреварот изгледаше рутински и се играше кош за кош, па конечниот резултат беше 108:73.

Најефикасен во ТФТ Скопје беше Тајрон Харис со 20 поени, а по 10 имаа Андерсон, Хортон и Митревски. Во Берое, Дерик Џин постигна 28.

За ТФТ, ова е 3 пораз во 5 одиграни рунди. На 10-ти, односно за два дена, играат против Академик Бултекс.

Сподели

Можеби ќе ве интересира