Библ: ТФТ се враќа со празни раце од Рожаје – висока победа за Ибар!

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје се враќа со празни раце од Рожаје, по денешниот пораз од Ибар со 96:79, во 8-та рунда од БИБЛ лигата. Ова е само четврти одигран натпревар за еден од нашите двајца претставници, во оваа регионално натпреварување.

ТФТ започна добро и имаше 2 поени предност по 10 минути игра, но веќе во вториот период, бевме сведоци на огромен пад во екипата на Боро Смилковски па резултатот беше високи 44:24 во полза на домаќинот Ибар Рожаје. Во второто полувреме, ТФТ тргна поагресивно и ја доби 3/4 со 20:29. Сепак залудно беше, бидејќи останаа без сила во последниот период и постигнаа само 16 поени.

Најефикасен во нашиот тим беше Тајрон Харис со 30 поени. Американецот беше цели 40 минути на теренот, па додаде и 4 асистенции, 3 скокови и имаше 2 украдени топки. Зад него, Ли Шелман беше со 14 кошеви. Кај домаќините, Амин Хот беше прв стрелец со 26 поени, а по 17 имаа Симовиќ и Цициќ.

За ТФТ ова е втор пораз од четири натпревари и се моментално на третата позиција. Во следната рунда, планирано е да го пречекаат составот на Академик Бултекс.

Сподели

Можеби ќе ве интересира