Бостон оди понатаму, Денвер се уште во игра

Бостон со 92:87 ја доби “мајсторката“ со Торонто, па оди на мегдан против Мајами.

Највеќе поени за Селтикси постигна Тејтум 29, додека пак за Репторси најефикасен беше ВанВлит со 20. Во вториот натпревар сношти, Денвер со 111:105 ја совлада фаворизираната екипа на Клиперс, а најкорисни беа Ленард со 36, односно Мареј со 26.

Лос Анџелес Клиперс ќе ја имаат втората меч-топка, а Лос Анџелес Лејкерс првата за да го закажат и второто полуфинале во НБА оваа сезона. Бостон и Мајами првиот дуел го играат за 4 дена.

Сподели

Можеби ќе ве интересира