Бостон се враќа во игра, прва победа над Мајами

Бостон Селтикс намали на 2:1 во синоќешниот дуел против Мајами Хит. Натпреварот заврши 106:117, а двајца играчи остварија „дабл-дабл“ учинок.

Бостон во првото полувреме создаде висока предност и замина на одмор со +13 поени. Во вториот дел ја одржаа позитивата и се вратија во игра во финалето од источната конференција.
Најефикасен на мечот беше Бем Адебајо со 27 поени, и со 16 скокови е еден од двајцата кои имаа „дабл-дабл“.
Во Бостон, Џејлен Браун постигна 26 кошеви, а Џејсон Тејтум беше вториот играч со двоен двоцифрен учинок, 25 поени и 14 скокови.

Следниот дуел на програмата е за четири дена, па останува да видиме дали Мајами ќе стигне до првата меч-топка или Бостон ќе стигне до одлични 2:2 во серијата.

Сподели

Можеби ќе ве интересира