ВИДЕО: Дејвис со 3 поени во последната секунда за победа на ЛАЛ

Лос Анџелес Лејкерс со 105:103 стигна до 2:0 во финалната серија на западна конференција против Денвер Нагетс, откако Ентони Дејвис погоди шут за 3 поени во последната секунда од натпреварот.

Дејвис воедно беше и најефикасен играч на мечот со 31 поен, веднаш зад него беше исто така феноменалниот Никола Јокиќ со 30 поени.

Лејкерс има предност на полувреме од 10 поени, но во вториот дел Нагетс успешно ја стопи разликата и на само 2 секунди пред крајот имаше водство од еден поен односно 103:102. Се ќе беше поинаку доколку топката не беше за тимот Френк Вогел, па Дејвис со тежок шут за 3 поени донесе огромна победа на својот тим.

Во продолжение можете да ја видите последната акција и шутот за победа на Ентони Дејвис:

Сподели

Можеби ќе ве интересира