(ВИДЕО) Феноменално забивање на еден дебитант во Евролигата

Станува збор за францускиот џин, Мустафа Фол кој е висок 2 метри и 18 сантиметри а е дебитант во Евролигата играјќи за тимот на Тони Паркер, АСВЕЛ.

Мустафа Фол има 28 години, а својата професионална кариера ја има започнато во 2011 година. Освен на почетокот во Поатје, нема никаде играно повеќе од една сезона. Од познатите тимови, настапувал за: Монако, Елан Шалон, Локомотив Кубањ, Сакарија и Турк Телеком.

Неговиот тим загуби со тесен резултат на гостувањето во Валенсија, со 65:63, а Фол покрај 14 поени, 3 скокови и 1 асистенција за 23 минути игра, го одбележа натпреварот со прекрасно забивање над Никола Калиниќ кој се најде под кошот.

АСВЕЛ и во следната рунда има тешка задача бидејќи оди кај италијанскиот гигант, Олимпија Милано.

Сподели

Можеби ќе ве интересира