Во Тафталиџе се славеше и првата меѓународна победа – падна Берое!

Кошаркарите на ТФТ Скопје по првата победа во македонската Суперлига, вчера стигнаа до историски успех како дебитанти и во регионалното натпреварување БИБЛ Лига. До таков момент стигнаа по победата над бугарскиот тим Берое на домашен терен во Скопје со 80:75.

Нашиот втор претставник во меѓународниот шампионат не толку добро го отвори натпреварот, но во сите 3 следни периоди беше поуспешен и на самиот крај обезбеди солидна позитива за прва победа во групата по стартниот пораз од Куманово. Странците во ТФТ беа главните фактори за победата над Берое. Тај Херис со 25 поени и 10 асистенции беше најкорисен. Зад него беше Лахлан Андерсон со 24 поени и 3 скокови, а одлична партија имаше и Амир Смит со 6 поени и 13 скокови.

Следната рунда за ТФТ Скопје е планирано да биде со екипата на КК Куманово, воедно и нив втор дуел сезонава во БИБЛ.

Сподели

Можеби ќе ве интересира