Гечевски: Најважно е здравјето на Димитријевиќ, можно е да ни се приклучи

Спортскиот директор на националните кошаркарски селекции, Тодор Гечевски, го објасни изоставувањето на Ненад Димитријевиќ од тимот за ноемврискиот квалификациски турнир во Талин.

Сакам да појаснам некои работи поврзани со наводен случај кој се создава во нашата кошаркарска јавност, поврзан со Ненад Димитријевиќ. Тој дојде во Скопје, и денеска разговарав со него, за ситуацијата во која се најде откако поради корона вирусот во изминатиот период не беше во состојба да ги извршува своите професионални обврски, појасни легендата на македонската кошарка

Работите ќе бидат појасни откако Димитријевиќ ќе ги помине прегледите и ќе биде тестиран во првиот наврат.

Пред сè, за нас, а и за сите други, најважно е неговото здравје. Ќе видиме дали и колку во овој момент Ненад е подготвен да одговори на барањата кои со себе ги носи еден турнирски систем на натпреварување како овој што следува во Талин. Друг непознат момент е што во рок од четири дена, според протоколот на ФИБА, тој мора да има два негативни теста од Covid-19. Затоа, кога ќе ја имаме неговата комплетна здравствена слика, ќе знаеме кои ќе бидат следните чекори, заврши Гечевски.

Нашиот тим утринава стигна во Софија каде ги пречека Војдан Стојановски. Потоа следуваше летот за Франкфурт а подоцна и до Талин, за завршување на долгиот пат. Првиот натпревар е на 28-ми со Италија, а на 30-ти играме со Естонија.

Сподели

Можеби ќе ве интересира