Големи проблеми за Тодоров: Еден позитивен кошаркар и други двајца под знак прашалник

Македонската кошаркарска селекција денеска од 15:00 часот ќе се соочи со тимот на Италија во арената „Саку Сурхал“ во Талин, но со доволен број на проблеми кои внесуваат паника во екипата.

Имено, КФМ објави дека резултатите од последното тестирање во нашиот национален тим покажале дека Љубомир Младеновски има позитивен наод, а за Бојан Трајковски и Џејкоб Вајли следуваат дополнителни здравствени проверки.

Покрај сите превземени мерки од страна на федерацијата, спроведени пред почетокот на подготовките во Скопје, но и за време на престојот во главниот град на Естонија, PCR тестирањето покажа присуство на вирусот кај еден наш кошаркар, а лекарскиот тим предводен до Др. Слободан Николиќ ги очекува дополнителните здравствени наоди од дополнителните испитувања за другите двајца наши репрезентативци, чиј настап сега е доведен под знак прашалник.

Натпреварот можете директно да го проследите на СпортКлуб 3.

Сподели

Можеби ќе ве интересира