Големото дерби уште во првата рунда, Работнички домаќин на МЗТ Скопје

Денеска во 18:00 часот, во познатиот „Градски Парк“ гостува составот на МЗТ Скопје. Натпреварот ќе биде директно пренесуван на спортскиот канал МТВ 3.

За македонската кошаркарска федерација, свои видувања дадоа тренерите на двете екипи. Тие беа јасни дека најважно е сите играчи да бидат здрави и живи, бидејќи во ваква тешка ситуација голем хендикеп ќе биде било какво отсуство. Но, сепак и овој натпревар е од голема важност.

„Една нова ситуација и начин на живот на кој сите се обидуваме да се прилагодиме колку е тоа возможно. Се обидуваме да функционираме колку тоа го дозволува здравствената ситуација. Знаеме дека први имавме случај на корона вирус. И штотуку почнати, мораше да одиме во 14. дневна изолација. Потоа се појавија и некои повреди. Дури сега, за првпат во текот на неделава тренираме комплетни. Меѓутоа, кога доаѓа МЗТ, се заборава на се. Се стискаат заби и се игра на максимум, тоа е она што го очекувам од играчите. Шансите се израмнети, празна сала, по неколку нови играчи, непознаница во каква форма сме, бидејќи одигравме само два контролни натпревари. И тоа е сè од март до сега. Посакувам на сите играчи,тренери, пред се, здравје да нè служи годинава. И надеж дека што побрзо ќе заврши ова, и повторно ќе играме пред полни трибини за да ги радуваме сите искрени љубители на кошарката“, појасни Димитар Мираковски, тренер на КК Работнички.

Натпреварот со Работнички доаѓа во време кога и двете екипи ќе се сретнат во момент на ненатпреварувачка  форма, згора на тоа без присуство на публика. Последниот натпревар го одигравме пред скоро  месец и половина  а бевме и во 14. дневен  карантин. Тренираме некои десет дена.  Да беше некој друг натпревар , а не градско дерби, ќе кажев дека  нема големо значење. Меѓутоа, играме против градскиот ривал кој направи навистина одличен тим. Ако го исконтролираме нивниот скок и шут за три поени, мислам дека ќе славиме во ‘Градски парк’. Ќе дадеме сè од себе да тоа биде така. Но најбитно ми е да останеме здрави до тргнувањето за Златибор каде ќе одиграме четири меча за девет-десет дена. Нашиот фокус е таму, навистина се надевам дека нема да имаме ново инфицирани играчи, бидејќи темпото на играње ќе биде навистина пеколно“, објасни Ѓорѓи Кочов, првиот тренер на Аеродромци.

За овие два тимови, ова ќе биде 35-то меѓусебно соочување во Суперлигата, а МЗТ Скопје убедливо води со 23 победи.

Моментално се игра средбата помеѓу втората екипа од Аеродром каде гост е Еуро Никел.

Сподели

Можеби ќе ве интересира