Денвер се враќа во игра, трипл-даблот на Џејмс без ефект

Денвер Нагетс утрово со почеток во 03:00 часот, го победи тимот на Лос Анџелес Лејкерс со 114:106 (63:53) и ја намали негативата на 2:1, по одиграни три натпревари во серијата.

Одличниот Џамал Мари со скоро 44 одиграни минути, постигна 28 поени и додаде 12 асистенци, покрај 8-те скокови. Веднаш зад него беше Џереми Грент со 26 поени, а Никола Јокиќ имаше „дабл-дабл“ учинок со 22 поени и 10 скокови.

Кај „езерџиите“, Леброн Џејмс оствари „трипл-дабл“ со 30 поени, 10 скокови и 11 асистенции, но без ефект овој пат. Втор на листата на стрелци беше Ентони Дејвис со 27 кошеви.

Лејкерс имаше само 4 скокови во напад, Денвер 9. И во одбраната беше подобар тимот на Мајкл Малоун, со 14 повеќе од противникот.

Следниот дуел е за два дена, исто така во 03:00 часот.

Сподели

Можеби ќе ве интересира