Денеска започнува Еврокуп, в четврток Евролига

Денеска во 19:00 часот започнува новата сезона од кошаркарскиот Еврокуп, а в четврток во 19:30 часот пак, се враќа најсилното натпреварување, Евролигата.

Денеска во исто време во Подгорица и Бурса се отвора новата 2020/21 сезона, во второто по јачина кошаркарско натпреварување во Европа, каде Будуќност ја пречекува Бреша, а Бурсаспор е домаќин на Тренто.

Во четврток пак, во 19:30, новата сезона во Евролига ја отвораат Анадолу Ефес и Зенит Петерсбург во Истанбул.

Во продолжение, можете да ги прочитате сите групи од Еврокуп ( први 4 од секоја група одат во Топ16):

Група А:
Уникс Казањ, Хувентут, Партизан, Венеција, Бург, Бахчесехир;
Група Б:
Лувелуа, Улм, Уникаха, Будуќност, Морнар, Бреша;
Група Ц:
Виртус Болоња, Локомотив Кубањ, Антверп Џајантс, МораБанк Андора, Лијеткабелис, Монако;
Група Д:
Нантер, Гран Канарија, Цедевита Олимпија, Тренто, Промитеас, Бурсаспор;

Учесници во Евролига (18) први 8 играат плејоф:

Лион-Виљеурбан, Алба Берлин, Олимпијакос, Панатинаикос, Макаби Тел Авив, Милано, Химки Моксва, ЦСКА Москва, Барселона, Басконија, Фенербахче, Зенит Петерсбург, Реал Мадрид, Валенсија, Анадолу Ефес, Жалгирис Каунас, Црвена Звезда, Бајерн.

Сподели

Можеби ќе ве интересира