ЕВРОБАСКЕТ 2022: Познати се термините за натпреварите во Перм!

Машката сениорска репрезентација на Макоднија, ќе ги одигра решавачките натпревари од квалификациите за Евробаскетот 2022 во доста рани термини, одлучи натпреварувачката комисија на ФИБА.

Но, рани само според македонската пресметка на времето кое е „четири часа“ оддалечено зад часовната зона во Перм, каде ќе се игра и февруарскиот „меур“ од квалификациите.

Првиот натпревар на турнирот кој ќе се игра во Арената „Молот“, многу извесно без присуство на публика, ќе го играме против селекцијата на Италија, од 15:30 по македонско, односно 19.30 по локално време. Ден подоцна, во истиот термин, ќе го одиграме и дуелот против домашната селекција на Русија. Вториот натпревар на турнирот во Перм, против репрезентацијата на Италија, ќе го играме на 21-ви февруари, во најран можен термин, 13:00 часот по наше сметање. Веројатно пресудниот меч за пласман на завршниот турнир на најдобрите европски селекции, против Естонија, е предвиден за 22-ри февруари, со почеток од 15:00 часот по македонско време.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА ТУРНИРОТ ВО ПЕРМ:

18.02.2021 во 15:30: Италија – Македонија

19.02.2021 во 15:30: Македонија – Русија

21.02.2021 во 13:00: Македонија – Италија

22.02.2021 во 15.00: Естонија – Македонија

Сподели

Можеби ќе ве интересира