Започна и Втората кошаркарска лига во машка конкуренција, кумановци со најголем интерес

Како и во минатата сезона, така и сега имаме вкупно 20 екипи кои се поделени во две натпреварувачки групи.

Во групата „Исток“ се екипите на: СтрумицаФеникс 2010АнгелиБаскет КАМКуманово 2Ролинг 08Борец БаскетМКК КумановоПробаскет и Шкупи.

Во групата „Запад“ ќе се натпреваруваат екипите на: Тетекс ТТКСпорт ТимПартизан Водно СансЧаир 2030Мега БаскетПелистер Медика картаРиниаГКК ОхридХераклеа и Спарта.

Согласно системот за натпреварување, во регуларниот дел од сезоната 2020/2021, во двете групи ќе се одиграат вкупно по 18 првенствени рунди. Првопласираните четири екипи од двете групи, ќе се пласираат во четвртфиналето, кое се игра во два добиени натпревари. Четирите победници од четвртфиналните серии обезбедуваат пласман во полуфиналето на плеј-офот, кое исто така, се игра во два добиени натпревари.

Двете екипи кои ќе ги добијат овие полуфинални серии ќе бидат промовирани во членови на Првата лига-мажи за сезоната 2021/2022.

Најголем интерес за Втората лига има од градот Куманово, кој има пријавено вкупно 3 екипи: Куманово 2, МКК Куманово и Риниа.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ  

ДВОЈКИ 1. КОЛО

ЗАПАД

САБОТА

13.00: Хераклеа- Спарта

14.00: Тетекс ТТК – Спорт Тим

17.30: Риниа – Охрид

НЕДЕЛА

12.00: Партизан Водно Санс – Чаир 2030

18.00: Мега Баскет – Пелистер Медика карта

ИСТОК

САБОТА

13.00: Пробаскет – Шкупи

НЕДЕЛА

13.00: Куманово 2 – Ролинг

16.00: Струмица – Феникс 2010

16.30: Ангели – Баскет КАМ

17.00: Борец Баскет – МКК Куманово

Сподели

Можеби ќе ве интересира