За Работнички, новата година не донесе подобрувања – вирусот дополнителна пречка за турнирот во Бања Лука!

Кошаркарскиот клуб Работнички од Скопје, беше спречен да отпатува во Бања Лука за учество на вториот турнир од АБА 2 лигата, поради позитивни играчи на вирусот Ковид-19.

Целиот клуб е во карантин и го очекува второто тестирање, но работите не изгледаат оптимистички за во блиска иднина и учество на турнирот. Токму спротивното е одлучено – Работнички го загуби првиот дуел со службен резултат од 0:20 против Спарс Сарајево. Натпреварите со Горица и Златибор беше планирано да се одиграат на 21-ви и 24-ти јануари, но засега се одложени.

Да напоменеме дека, екипата на Работнички оствари 2 победи и забележа 2 порази во првиот турнир кој се одржа во Србија, на Златибор.

Нашиот втор претставник, МЗТ Скопје, нема проблеми во здравствениот билтен, па своите битки ги започнува утре од 21:00 часот против Хелиос од Домжале.

Сподели

Можеби ќе ве интересира