Ибар славеше во Куманово – лош старт за тимот на Мирковски во новата година!

Ибар од Рожаје со 81:79 славеше во Куманово, во заостанатиот натпревар од втората рунда во БИБЛ.

Во 1/4, КК Куманово покажа игра која требаше да гарантира победа доколку се продолжеше со слично темпо. Но, тимот сосема падна во вториот период, па на полувреме заминаа со 42:42. Второто полувреме можеби требаше да даде психолошка предност за гостите, но имавме лоша игра и од двете страни со голем број на лоши одлуки во нападот и слаба одбрана. Гостите ја започнаа 4/4 со 1 поен позитива, па на некој начин и го одржуваа резултатот до самиот крај. Во неколку наврати имаа и +7, кои за домашниот тренер Мирковски беа превисоки па по тајм-аутот намалија на само 2 поени, кои во последниот напад можеа да ги анулираат и да обезбедат дури победа со тројката на Робев. Отпадокот го собраа, но имаа уште едно промашување, па црногорскиот тим се враќа дома со победа број 3.

Убедливо најефикасен кај нашиот претставник беше Горјан Марковски со 33 поени и шут за три 9/15. Кај гостите, Хуремовиќ даде 19.

За Куманово ова е трет пораз, од пет одиграни натпревари и моментално се наоѓаат на последната позиција во групата на балканот. Планирано е тимот да отиде на мини-турнеја во Бугарија за мечевите со Берое и Академик на 13-ти, односно 14-ти јануари.

Сподели

Можеби ќе ве интересира