КК Куманово со неколку успешни контролни натпревари

КК Куманово 2009 вчера на гостински терен во пријателски натпревар го победи тимот на МЗТ Скопје 2 со 67:73. На овој дуел, Куманово настапи со половина тим, се со цел да играат кумановските млади играчи. Надвор од составот беа, Џош Селби, Александар Андрејевиќ и Горјан Марковски.

Најдобар стрелец кај кумановци беше Дамјан Робев со 23 поени, а Стеван Глигоријевиќ со „дабл-дабл“ учинок постигна 16 поени и 12 скокови. Андреј Цветковски постигна 12 поени и Хулио Гуити реализираше 11.

Претходно, Куманово загуби два натпревари а доби еден. На првиот дуел со вториот тим на МЗТ Скопје, загуби со 76:72, Еуро Никел 2005 беше подобар со 95:81, а го совладаа Кожув на домашен терен со 81:59.

Од клубот велат дека највеќе внимаваат на здравствениот билтен и прилагодување на тимот. На Куманово му се потребни сите првотимци за да пружи силен отпор и да ги израдува своите навивачи.


Играчите се здрави и навистина најголема грижа ни е тоa, сите да бидат подготвени до почетокот на сезоната, а сега резултатот е во втор план, рече спортскиот директор на клубот, Дарко Петковски-Спејко.

Во среда, Куманово ќе го одигра следниот подготвителен натпревар кај КК Гостивар, а до почетокот на сезоната, тимот на Владимир Мирковски се очекува да ги одмери силите и со уште некоја екипа.

На вчерашната седница на Владата, се донесе одлука за организирање на настани во затворено со 30% присуство на публика.
За жал, со ова не беа опфатени спортските натпревари, па се уште се чека промена на последната одлука тие да бидат без поддршка од трибините.

Сподели

Можеби ќе ве интересира