КК Куманово со нови дресови за сезоната 2020/21

Екипата на КК Куманово покрај новиот тренер,спортскиот директор и неколкуте засилувања, деновиве ги претстави и новите дресови за сезоната 2020/21, која се очекува да започне на почетокот од месец октомври.

Во Куманово владее позитивна атмосфера и сите со нетрпение го очекуваат почеток на првенството. Нов тренер за оваа сезона е Владимир Мирковски, кој дојде од ФМП Академија. За нов спортски директор е назначен Дарко Петковски, поранешен кошаркар и тренер на поранешна локална екипа. Во клубот исто така пристигнаа и двајца американци, Џош Селби и Хулио Гуити од кои највеќе се очекува.

Новите дресови се дизајнирани според знаменитостите на град Куманово. Од управата на клубот велат дека се презадоволни со постигнатото до сега, самите подготовки, потпишувањето на играчите и спонзорите. Со новите дресови најавија и свои високи амбиции во првата македонска лига и балканската Библ.

Сподели

Можеби ќе ве интересира