КК Пелистер и КК Работнички без пораз во првиот дел од новата сезона!

КК Пелистер и КК Работнички се единствените тимови кои немаат пораз во првиот дел од новата сезона, во националното кошаркарско првенство.

Годината 2020, вчера ја завршија со победите над ФМП Академија односно Еуро Никел. Пелистер беше убедлив на гостување во Скопје со 67:95, а Работнички го пречека тимот од Кавадарци и славеше со минимален резултат од 89:95, но доволен за нови целосни бодови. Битолчани одиграа 5 натпревари и имаат кош разлика и на заслужен „зимски распуст“ одат со неверојатни +186, додека пак, Работнички, запиша 4 победи и има само +29.

На вчерашните дуели, кај Пелистер најефикасен беше Малешевиќ со 22 поени, 7 скокови и 1 асистенција. Во составот на Работнички се истакна Вашингтон. Американецот постигна 20 поени, оствари 7 скокови и додаде 1 топка.

Сезоната се очекува да продолжи на 16-ти јануари, но ова мора да го земеме без гаранција поради големите проблеми кои ги создава моменталната ситуација со вирусот.

Сподели

Можеби ќе ве интересира