КК Пелистер останува лидер – прва победа против Работнички во Скопје!

Денеска беше комплетирана 10-та рунда од кошаркарската Суперлига, со дуелот помеѓу Работнички и Пелистер, кој битолчани ги добија со убедлив резултат постигнувајќи нова „стотка“, 81:105. Ова е воедно и прв триумф за овој клуб на гостување во „Градски Парк“.

Непоразените екипи до оваа рунда, одиграа меѓусебен дуел кој не беше испланиран до завчера, но за одлично подготвениот тим на Пелистер не беше проблем. Лесно го надиграа скопскиот гигант и го одлучија мечот дури во првото полувреме. Остануваат единствена екипа со 6/0 и максимални 12 бодови во есенскиот дел. Најефикасен на дуелот беше српскиот кошаркар во редовите на поразениот домаќин, Балмазовиќ со високи 32 поени. За Пелистер, најпрецизен беше Трајковски со 26 поени.

Првенството е планирано да продолжи во средина на јануари, а екипите ќе се вратат на тренинг по празниците.

Сподели

Можеби ќе ве интересира