Куманово во полн трк по изолацијата – нов дуел со ТФТ оваа недела

Кошаркарскиот клуб Куманово излезе од изолација и веднаш започна со тренинзите и физичката подготвеност пред новиот дуел со скопскиот ТФТ, втор во БИБЛ лигата.

Последниот натпревар за кумановци беше поразот од ФМП Академија на 7-ми ноември во националното првенство. Следуваа низа на проблеми и долга изолација на целиот тим, за конечно од вчера да бидат слободни по негативните тестови. Средбата со ТФТ Скопје е планирано да се одигра во четврток од 19:00 часот во главниот град. Во првиот натпревар во Куманово, подобар беше домаќинот со 90:83. Одиграа и еден меч во Суперлигата каде исто така славеше тимот на Владимир Мирковски со 82:83.

Стеван Глигоријевиќ е назад во тренажниот процес и е подготвен за следните предизвици по повредата во првиот натпревар.

Куманово и ТФТ се на 2 победи и 1 пораз во националното првенство, а во БИБЛ со по еден успешен настап. ТФТ Скопје по поразот во првата рунда, забележа прва историска победа во вториот меч во регионалното првенство, против екипата на Берое.

Сподели

Можеби ќе ве интересира