Куманово го совлада ТФТ во БИБЛ

КК Куманово беше подобар во македонскиот дуел од Балканската БИБЛ лига со новиот суперлигаш ТФТ Скопје.

Денеска се одигра првата средба од планираните две во регионалнотото кошаркарско натпреварување помеѓу Куманово и ТФТ Скопје, каде подобра беше домашната екипа на Владимир Мирковски со 90:83.

Во првото полувреме, Куманово имаше предност од 50:38, но по средината на 3/4, падна ритамот и во свој налет влезе тимот на ТФТ Скопје кој ја намали огромната позитива и стана достоен противник. Сепак, домашниот состав беше посконцентриран под обрачите и заслужено со победа дебитираше во БИБЛ лигата.

Најефикасен во Куманово беше Дамјан Робев со 15 поени, 3 скокови и 2 асистенции. Кај гостите, Лахлан Андерсон имаше 20 поени и 5 скокови а шутираше 9 од 12 за два поени и 0 од 7 за три.

Овие два тимови, силите ќе ги одмерат и на стартот од македонската Суперлига, во сабота од 17:00 часот, но овој пат во Скопје.

Во рамките на оваа балканска група од првата рунда, Ибар Рожаје го совлада Тиват со 82:76, а Берое загуби од Академик Бултекс со 85:86.

Сподели

Можеби ќе ве интересира