Куманово губеше, па му покажа „мускули“ на Вардар!

Куманово го совлада тимот на Вадар на гостински терен со 95:86, откако на полувреме имаше мала негатива, 49:46.

Првата четвртина му припадна на Вардар со само еден кош предност, 23:22, за да во втората имаа 26:24 и минимална предност на полувремето. Во вториот дел, Куманово правеше помал број на грешки и успешно реализираше во нападот за 14:25 во 3/4. Последниот период, скоро цело време го диктираше гостинскиот состав на Владимир Мирковски за +10 позитива. Пред самиот крај, Вардар ја спушти негативата на само 5, но без ниту една шанса за да се доближи и го стави Куманово на потежок тест. Четвртата четвртина отиде на страната на Куманово со 23:24, бидејќи најновото засилување ги искористи слободните фрлања.

Најкорисен во победничкиот состав беше Кори Рос со индекс 24. Тој постигна 15 поени, имаше 4 скокови и 7 асистенции. Поентерски се издвои вториот американец Ливингстон со 20 кошеви. Свое деби во дресот на Куманово имаше и Бранислав Џекиќ, кој по трети пат се враќа во „сино-белиот“ дрес. Србинот шутираше 4/11 за два со 9 поени, една погодена тројка, 5 скокови и 2 асистенции.

Кај вардарци, Прауел постигна 35, а Дикембе 31 поен.

Куманово е на скор 4 победи и 2 порази, а Вардар со 1 победа и дури 7 порази. Во следната рунда, кумановци ќе играат тежок меч во Гостивар, а Вардар оди кај Кожув.

Овој дуел требаше да се игра во Куманово, но поради реновирање на спортската сала во која ги играат натпревари, тој беше преместен.

Сподели

Можеби ќе ве интересира