Куманово и ТФТ ги добија противниците во втората фаза од БИБЛ

Кошаркарскиот клуб Куманово и кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје, ги добија противниците во втората фаза од регионалното БИБЛ натпреварување.

КК Куманово ќе биде во групата Г заедно со Хапоел Холон и Академик Пловдив, додека пак ТФТ Скопје е дел од групата Ф, заедно со Берое и Хапоел Хилбоа.

Тимовите кои обезбедија уште едно разигрување се поделени во 2 групи од по 3 тимови, каде ќе играат меѓусебно по два натпревари, на домашен и на гостински терен. Како што и беше организирано, не можеше да се сретнат клубови од една иста држава.

Балканската екипа која била повисоко пласирана во првата фаза, ќе има предност со тоа што вториот натпревар ќе го игра на домашен паркет, а на првиот ќе гостува. Распоредот се уште не е направен, но се очекува натпреварите да се играат на почетокот на месец март.

Сподели

Можеби ќе ве интересира